Утрински Весник
Македонија

ДПИ: Во декември времено затворени 26 угостителски објекти

Dpi.jpg

 
Државниот пазарен инспекторат во текот на месец декември спроведе засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти  на територија на цела држава со цел утврдување на почитување на законските одредби од Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушењето.

Во наведениот период извршени се вкупно 542 инспекциски надзори, односно 269 надзори врз основа на Законот за угостителска дејност и 273 надзори врз основа на Законот за заштита од пушењето.

При извршените инспекциски надзори кај дел од правните субјекти беа утврдени неправилности и согласно законските одредби издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2.823.870,00 денари. Како резултат на утврдените прекршоци изречени се и 26 мерки – привремена забрана за вршење на дејност.

Државниот пазарен инспекторат ќе продолжи со спроведување на инспекциските надзори и во наредниот период во пресрет на празниците со цел заштита на јавниот интерес на граѓаните. Упатуваме апел до угостителите да ги почитуваат законските обврски кои се однесуваат на нивното работење.

Можете да прочитате

СДСМ: Додека Црна Гора проверува, кај нас сè е докажано – Балканскиот картел се распаѓа – Мицкоски остана сам

Ахмети во Брвеница: Македонија не им припаѓа ниту на Христијан ниту на Црвенковски, туку на домородните Албанци

Денес на Комисија Предлог-законот на Левица за државата да преземе дел од станбениот долг на семејствата