Утрински Весник
Култура

Друштво на филмските работници: „Банана филм“ удира со лаги по филмските работници за да ги прикрие своите скандалозни злоупотреби

Друштво на филмските работници: „Банана филм“ удира со лаги по филмските работници за да ги прикрие своите скандалозни злоупотреби

Друштвото на филмските работници најостро реагира и ги осудува обвиненијата за нивните членови Бранко Петровски и Игор Шокаровски како неточни и неосновани, креирани врз основа на манипулативни претставки, без никаква правна основа или поткрепа.

dobivaj vesti na viber

Друштвото на филмските работници на Македонија вели дека е единствено релевантно струково здружение од областа на филмот и аудио-визуелната дејност и од своето основање е силно посветено на спроведување на сопствените фундаментални принципи за рамноправност, транспарентост и бескомпромисно почитување на законите при аплицирањето и отчетот за користењето на средства од државните и европските јавни фондови.

Оттука, сметаат дека лажните и неосновани обвинувања кои се однесуваат на угледни членови на ДФРМ се креирани и се пропагираат со цел да се наштети на филмската фела и уметност, за одредени „актери“ да ја злоупотребат таквата ситуација за сопствена доминација и монопол во индустријата. Затоа, во име на честа на филмската професија и честа на филмските работници, бараме целосно расчистување на оваа бурлеска од обвинувања.

Бараат сите надлежни институции да ги проверат сите наводи пласирани во медиумите за работата на ДФРМ, за кои тие тврдат дека се целосно неточни, непотврдени и измислени.

И во исто време, ја повикуваат Управата за финансиска полиција, Државната комисија за спречување на корупција, Основното јавно обвинителство – Скопје и Транспаренси интернешнл Македонија темелно да ги испитаат сите факти, индиции, документи и докази кои се однесуваат директно и индиректно на работата на продукцијата Банана Филм.

Бараат да се провери:

– Стечајот и незаконското згаснување на продукцијата Сенка филм и префрлувањето на побарувањата, но не и на обврските на оваа продукциска куќа кон новооснованата продукција Банана филм;

– Потпишувањето на договорот за финансирање на филмскиот проект „Мајки“ (работен наслов “Како бебе“) и добивањето на средствата пред завршувањето на постапката и објавувањето на резултатите од Конкурсот за финансирање од страна на Филмскиот фонд на РМ;

– Не поднесувањето на извештај за потрошени 55.800.000 денари (907.317 евра) за филмот „Мајки“;

– Префрлувањето на 900.000 денари без претходно потпишан договор за меѓународна промоција и кандидатура за Оскар, пари на државата за кои, исто така, не е доставен финансиски извештај;

– Повеќекратното поднесување на нотарски заверени изјави со невистинита содржина (исправа со невистинита содржина,) од страна на Банана филм при постапките за аплицирање во АФРСМ;

– Префрлувањето на 5.300.000 денари (85.000 евра) од средствата наменети за продукција на филмскиот проект „Врба“, од Банана филм Скопје, кон „Милкман“ продукција од САД, при што и двете фирми се сопственост на истиот субјект продуцентот на филмот;

– Префрлувањето на преку 7.700.000 денари (125.000 евра) наменети за продукција на филмот Мајки кон „Квантум комуникации“ од САД, за наводна промоција на истоимениот филм, спротивно на Буџетот и Договорот за финансирање на проектот;

– Недефинирана исплата за прикажување на филмот „Мајки“ на Интернационалниот филмски фестивал во Торонто во висина од 12.000 долари, од средствата наменети за продукцијата на филмскиот проект;

– Нереалната висина на авторските хонорари од страна на Сенка филм и Банана филм за сценарио, режија и продукција кои многукратно го надминуваат европскиот просек за овој тип на работа кога станува збор за парични средства од јавните фондови, во случајов исплаќани од средства од буџетот на Република Северна Макдонија;

Бараат да се проверат и останатите, како што велат, евидентирани индиции и докази за злоупотреба на државните пари.

 

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“