Утрински Весник
Свет

Дрон удри во рафинерија за нафта во Русија

Rafinerija Rusija Pozar.jpg

Беспилотно летало ја погоди рафинеријата за нафта Илски во руската област Краснодар, при што беа повредени две лица и предизвикан мал пожар, соопштија локалните власти.

Украина систематски ја напаѓа руската енергетска инфраструктура со цел да ја наруши руската економија и способноста на Москва да ги финансира своите воени напори.

Рафинеријата Илски е една од главните капацитети за производство на гориво на југот на Русија, која може да преработува 6,6 милиони тони сурова нафта годишно.

Началникот на локалната област Андреј Дорошевски на Телеграм изјави дека пожарот е изгаснат.

„Оваа ноќ цивилната инфраструктура на нашата покраина беше цел на огромен напад на криминалниот режим во Киев“, рече тој, додавајќи дека дронот оштетил административни згради во нафтената рафинерија Илски.

Објектот веќе беше погоден со дронови во февруари.

Одделно, регионалните власти во петокот соопштија дека пожарите во магацините за нафта во регионите Тамбов и Ростов се изгаснати.

Можете да прочитате

Вечерва прва дебата меѓу Бајден и Трамп

Илјадници англиски лекари штрајкуваат непосредно пред парламентарните избори на 4 јули

Вирусот Мпокс се заканува да се шири низ целиот свет