Утрински Весник
Култура

Драмски театар Скопје на фестивалот „Мал театарски формат“ во Зајечар со монодрамата „Кармен“

Драмски театар Скопје на фестивалот „Мал театарски формат“ во Зајечар со монодрамата „Кармен“

Драмски театар Скопје вечерва, 12 октомври, со монодрамата „Кармен“ ќе гостува на фестивалот „Мал театарски формат“ кој се одржува од 11 до 15 октомври 2022 година во Зајечар.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот го бележи своето 5-то издание, а ќе се изведат шест монодрами и дуодрами од Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија.

Монодрамата „Кармен“ е создадена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од Мигел Делибес, својата премиера ја имаше во мај 2021 година.

Улогата на Кармен ја толкува актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска.

Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајковски.

Актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за Кармен, покрај наградите на минатогодишниот фестивал на монодрама во Битола доби награди и на годинашново издание на Македонско културно лето во Албанија и Интернационалниот фестивал „Актерот на Европа 2022“ во Ресен.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“