Утрински Весник
Магазин

Драма за холокаустот е првиот фаворит на Канскиот фестивал

Драма за холокаустот е првиот фаворит на Канскиот фестивал

Моќниот психолошки хорор „Зоната на интерес“ (The Zone of Interest) чие дејствие се одвива во Аушвиц, е ран фаворит на филмски фестивал во Кан, со речиси едногласни рецензии по неговата премиера во саботата.

dobivaj vesti na viber

Филмот на британскиот режисер Џонатан Глејзер се фокусира на семејството на Рудолф Хес, командантот со најдолг стаж во логорот на смртта, кој живеел во близина на крематориумот. Додека во нивната прекрасна градина се слушаат врисоци и истрели, семејството продолжува како сè да е во ред, пишува „Франс 24“.

„Ужасот едноставно паѓа на секој пиксел од секој кадар, во звукот и како го толкуваме тој звук… Тоа влијае на сите освен на нив. Сè мораше да биде многу внимателно калибрирано за да почувствуваме како да е секогаш таму, таа вечно присутна, монструозна машинерија,“ изјави Глејзер за АФП.

58-годишниот Глејзер, кој е Евреин, се фокусира на баналноста на секојдневниот живот околу логорите на смртта, гледајќи го Хесовото семејството не како очигледни чудовишта, туку како застрашувачки обични луѓе.

Можете да прочитате

Овие пијалоци келнерите никогаш не ги нарачуваат

Еве со какви измами се служат продавачите на дрва – имаат разработена шема

Едноставно слабеење: Чаша вода со лажица чија семе 30 минути пред оброк