Утрински Весник
Свет

Драма во Вимблдон: автомобил влета во основно училиште, има повредени

Драма во Вимблдон: автомобил влета во основно училиште, има повредени

Неколку лица се повредени кога автомобил удри во зграда на основно училиште во Вимблдон, југозападен Лондон.

dobivaj vesti na viber

Полицијата соопшти дека полицајците биле повикани во основното училиште Камп Роуд непосредно пред 10:00 часот по локално време.

На неколку лица им била укажана помош на местото на настанот поради повреди.

„Има повредени. Очекуваме дополнителни информации за повредените. Полициски службеници остануваат на лице место. Овој инцидент е во тек“, соопштија од полицијата.

Лондонската противпожарна бригада соопшти дека и таа е таму и испратила противпожарни и спасувачки возила.

Можете да прочитате

ЕУ: Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина и нема да ги укинеме санкциите кон Русија

Три деца и наставник убиени во напад на училиште во САД

Трамп го спореди Зеленски со основач на патувачки циркус