Утрински Весник
Свет

Драма во авион во САД: патниците почнале да крварат од устата и ушите, веднаш бил приземјен

Aerodrom Sad.jpg

Авион кој летал во САД морал принудно да слета откако на патниците одеднаш почнале да крварат од носот и ушите.

Драмата се одвивала на летот на „Делта ер“ од Солт Лејк Сити до Портланд.

Само што полетал авионот се случило нешто незамисливо – неколку патници забележале дека им капе крв од носот и ушите.

Првата реакција на пилотот била итно слетување.

„Слушнав звук на шуштење, а потоа наеднаш почувствував болка во десното уво. Ми звучеше како да има зуење во моето уво. А потоа видов крв“, изјави еден патник за Си-ен-ен.

Причината за болката брзо стана јасна: проблем со притисокот во кабината. Падот на притисокот се влошуваше од минута во минута, поради што пилотот се врати назад и слета во Солт Лејк Сити. За време на слетувањето во авионот настанала паника.

По слетувањето, десет патници морале да добијат лекарска помош.

„Искрено им се извинуваме на сите патници за нивното искуство на летот 1203“, се вели во соопштението на „Делта ер“.

Можете да прочитате

Пакистан го прекина интернетот и мобилната телефонија

Маж во Индија се разбудил миг пред кремирањето

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година