Утрински Весник
Скопје

Драма на паркинг во Скопје: Се расправале за место, па го удрил со возило

Gsk7qtyh.jpg

19 годишно момче од Скопје е повредено по удар со возило од сограѓанин со кого претходно се расправале за паркинг место.

Како што соопштуваат од полицијата, на 30.09.2024 во 20.10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.В.(59) од Скопје. Тој се сомничи дека, по претходна расправија околу паркинг место, со своето патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки го удрил М.А.(19) од Скопје и му нанел повреда.

Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од МВР.

Можете да прочитате

Герасимовски: Го вративме шармот на старо Скопје, со корзо и игранка ги сплотивме центарци во незаборавна вечер

Не успеа затворањето на илегалниот премин кај Бит Пазар

Град Скопје и НДИ потпишаа Меморандум за зајакнување на отпорноста од корупција