Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди дека заедно со неговата адвокатска канцеларија PILPG (Меѓународна група за јавна политика и право) и тимот меѓународни адвокати работи на прашањето за непочитување на Охридскиот договор и меѓуетничкиот легитимитет на институциите во државата.
На прашање на телевизијата Клан Македонија, Пол Вилијамс и ПИЛПГ потврдија дека работат на предлог платформа за правична и соодветна застапеност во процесот на формирање на Владата и меѓуетнички легитимитет на Владата.
Претходно, на сепартиски собир на 13 јули, претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети објави дека контактирал со г. Вилијамс и му ја објасни ситуацијата создадена во Северна Македонија по изборите на 8 мај, при што го ангажира експертот за меѓународно право да подготви прeдлог платформа за меѓуетничкиот легитимитет на институциите во согласност со Охридскиот договор.
Др. Вилијамс е ко-основач на Групата за меѓународно право и политика (ПИЛПГ), друштво кое обезбедува правна помош на државите и владите во мировни преговори, постконфликтни устави.
Др. Вилијамс им помогна на многу страни во меѓународните мировни преговори и советуваше многу држави за изготвување и спроведување на постконфликтни устави.
Др. Вилијамс служеше и како правен-советник за европски и канадски прашања во Канцеларијата на правниот советник на Стејт департментот на САД