Утрински Весник
Македонија

ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ, Мицкоски се што кажа излажа, порачува СДСМ

1706705512 Unnamed File.jpg

Интерален текст од прес-конференција на Мартин Костовски, пратеник од СДСМ:

Почитувани граѓани, 

ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ.

Се виде, се покажа, Христијан Мицкоски се што кажа излажа.

Нели единствен услов му беше ДУИ да не биде дел од Владата?

Нели велеше дека прифаќа се само Влада без ДУИ не прифаќа?

Епа толку, пу пу не важи.

ДПМНЕ седна во Влада со ДУИ. Министрите на ДПМНЕ му се поклонија на Талат Џафери.

Сега пишман аџијата Мицкоски нека им објасни на граѓаните, но и на неговите членови од ДПМНЕ зошто ги лажеше?

Зошто ја проблематизираше техничката Влада?

Зошто ги бојкотираа своите кандидати за министри во македонското Собрание и не гласаа?

Како сега одеднаш може во Влада со ДУИ?

Почитувани граѓани,

Мицкоски едно зборува друго прави. Него не му се важни граѓаните туку фотелјите, власта, и ништо друго.

На Христијан Мицкоски не може да му се верува.

Можете да прочитате

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?