Утрински Весник
Македонија
Img 7972

ДПМ бара итна санација на оштетената спомен-куќа на Владо Малески во Струга

Dpm.webp.webp
Img 7972

Друштвото на писателите на Македонија будно и со длабока загриженост го следи случајот со спомен-куќата на Владо Малески во Струга, која претрпе сериозни оштетувања поради небрежност при градежни работи во нејзина непосредна близина. Куќата на Владо Малески, еден од деветтемина основачи на Друштвото на писателите на Македонија, има статус на поединечно заштитено добро, а за неговата добросостојба се одговорни Заводот и музеј на Охрид, Управата за заштита на културно наследство и Комисијата за управување со Охридскиот Регион, се вели во реакцијата на ДПМ.

Како што нагласуваат оттаму, со оглед на тоа што една од основните заложби на Друштвото на писатели на Македонија е грижата за книжевното и културното наследство што ја негува колективната културна меморија и го афирмира ликот и делото на неговите основачи, воедно и втемелувачи на современата македонска државност и култура, Управниот одбор на Друштвото на писатели на Македонија бара од надлежните институции координирано да ги преземат сите неопходни мерки за што побрза санација на настанатата штета и враќање на спомен-куќата на Владо Малески во Струга во нејзината првобитна состојба.


-Советниците, директорите, градоначалниците и функционерите се менуваат, но останува потребата од заедничка и континуирана грижа за македонското културно наследство. Друштвото на писатели на Македонија ќе продолжи да ги следи случувањата и во никој случај нема да дозволи поради небрежноста на институциите овој предмет да заскита по бирократски лавиринти и ќор-сокаци, туку ќе инсистира на преземање на сите неопходни мерки, сè додека не се дојде до конечна позитивна разрешница, се вели во реакцијата од ДПМ. 

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ повторно расте, останува единствена сила што може да му се спротивстави на ДПМНЕ

Зајкова: Имаме искуство што гарантира успех – во недела да го заокружиме бројот 1 и да ставиме крај на поделбите

Филипче: Власта го руши нашиот дом цигла по цигла, да ги запреме во недела со глас за СДСМ