Утрински Весник
Македонија

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

Menduh thaci.jpg

Централното собрание на Демократска партија на Албанците (ДПА) синоќа го одобри предлогот на претседателот Мендух Тачи за учество во коалицијата Европски фронт предводена од Демократската унија за интеграција (ДУИ). Партскиот лидер за оваа можност најави еден ден претходно во гостувањето на една од националните телевизии.

-Се одржа Централното собрание на ДПА на кое едногласно беше одобрен предлогот на претседателот Мендух Тачи, на претседателските избори на 24 април и на парламентарните избори на 8 мај, дека ДПА треба да влезе во коалицијата со Европскиот фронт, информираа од одделот за информирање при ДПА.

Според информацијата од ДПА, потпишувањето на коалицискиот договор ќе се случи во понеделник во Тетово. Договорот ќе го потпишат партиските лидери Мендух Тачи и Али Ахмети.

Можете да прочитате

Малиш Саздовска: Заканата од ИСИС и Ал Каида во Македонија е постојано присутна, службите успешно ги спречуваат ризиците

Малиш Саздовска: Граѓаните не треба да проверуваат дали дискотеките се безбедни, тоа е обврска на институциите

Малиш Саздовска: Посебните истражни мерки се неопходни за спречување тероризам и тежок криминал