Утрински Весник
Спорт

Доживотна суспензија за фудбалерите-тепачи од Слупчане

Ffm.webp.webp

Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека Дисциплинскиот комесар на групата Север од третата лига донесе одлука за доживотна суспензија на фудбалерите Орхан Демири (32) и Ердин Арифи (18) од ФК Беса Слупчане, поради физички напад и обид за линч на противнички фудбалер по завршување на натпреварот Беса – Аеродром, одигран во рамки на 8. коло од третата лига Север.

Домашниот терен на Беса во Слупчане се суспендира на 10 натпревари. Истовремено, ФК Беса согласно Дисциплинскиот правилник е должен да плати и парична казна.


„Фудбалската федерација на Македонија најостро го осудува секој облик на насилство на фудбалските терени и ќе продолжи со доследна примена на сите дисциплински прописи, со цел заштита на интегритетот на натпреварите и безбедноста на сите учесници во фудбалот. Ставот на ФФМ е јасен и недвосмислен: Во фудбалот нема место, ниту милост за оние што се подготвени да тепаат, линчуваат и го нарушуваат угледот на фудбалот“, соопшти ФФМ.

Инцидентот се случил по завршувањето на натпреварот во кој Аеродром победил со 2:1 на гостувањето во Слупчане. МВР објави дека двајцата тепачи биле приведени.

Можете да прочитате

Велс минимално го совлада Лихтенштајн, македонската репрезентација со реми во Кардиф ќе обезбеди бараж

Квјат загуби од беспилотно возило во трката „Вештачка интелигенција наспроти човек“

Синер прв финалист на Завршниот АТП турнир