Утрински Весник
Македонија

Доживотен затвор за Стојанче Зарков – Осуден за убиството на својата 84-годишна мајка во Штип

Kahverengi krem siyah yesil dunya hukuk gunu facebook gonderi.jpg

Основниот суд во Штип денеска изрече доживотна казна затвор за Стојанче Зарков, кој беше прогласен за виновен за убиството на својата 84-годишна мајка Марија, извршено во август минатата година.

Судечкиот совет ги прифати доказите презентирани од обвинителството, според кои обвинетиот, во алкохолизирана состојба, го извршил убиството. Како клучни докази беа посочени вештачењето на ножот, како и ДНК анализата на трагите од крв и отисоците, кои недвосмислено го поврзале Зарков со делото.

Дополнително, значајна улога во постапката имала и снимката од повикот до итните служби веднаш по настанот, во која обвинетиот изјавил: „Ја прободев несакајќи мајка ми, или ќе преживее или нема“, што судот го оцени како дополнителен доказ за неговата вина.

Зарков, познат во Штип како поранешен угостител и сопственик на кафеаната „Гроф“, во текот на судскиот процес ја негираше вината. На последното рочиште изјави дека има „дупка во сеќавањето“, тврдејќи дека тој ден ги извршувал вообичаените обврски и дека ја пронашол мајка си повредена откако слушнал викање од друга просторија. Судот, сепак, не ја прифати ваквата одбрана, оценувајќи дека доказите ја потврдуваат неговата одговорност за стореното кривично дело.

Можете да прочитате

Стојанче ѝ се заканувал на Ивана со објавување експлицитни видеа, сведочеше сведокот Саздов пред судот 

Петрушевски: Давидовиќ – Дака му дал 300.000 евра на Заев за да добие повратна услуга, тој ги искористил парите за инженеринг на референдумот за името

Стојанче ја тепал Ивана секој пат кога бил дрогиран, кажа сведокот