Утрински Весник
Македонија

Дождот добредојден за земјоделските култури

20240218130231 Big 730x400 2.webp.webp

Повремените врнежи што деновиве ја зафатија земјава се корисни и добредојдени за сите земјоделски култури, велат агрометеорлозите.

Објаснуваат дека поради долгиот сушен период во изминатиот период и високите температури, дождот ќе го подобри водно-физичкиот режим на почвата и ќе ја зголеми нејзината влажност што беше намалена.

Според агрометеоролозите на УХМР, побарувањата на вода се големи скоро кај сите земјоделски култури.

-Влажноста на почвата е многу значаен фактор за одгледување на земјоделските култури и за остварување квалитетен принос. Побарувањата од вода се големи скоро кај сите земјоделски култури, а токму овие количества врнежи кои паѓаат и паднаа во изминатите денови, ќе бидат потребни и корисни и за предсеидбена подготовка на почвата кај есенските култури што има значење за постигнување високи приноси, истакнуваат агрометеоролозите.

Додаваат и дека врнежите ќе придонесат за дополнување на вештачките акумулаци кои беа со намалено ниво на вода, како и за подобрување на општата хидролошка состојба во земјава.

-Се препорачува земјоделските производители да продолжат со активностите и грижата за нивните посеви, напоменуваат агрометеоролозите на УХМР. 

Можете да прочитате

Основното јавно обвинителство Битола бара да опстои мерката замрзнување парични средства во предметот за злоупотреби во РЕК Битола

Лекови, цигари, облека, пари…што сѐ заплени македонската царина

ВМРО-ДПМНЕ: Таравари да одговори со што го уценија ДУИ, и тој како СДСМ се претопи во нивната криминална шема