Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Дождот добредојден за есенската сеидба

20251006142111 big 730x400 53.webp.webp
300x250 opst2

Влажноста на почвата по долгото сушно лето значително е намалена, па дождот е потребен и добредојден за успешна есенска сеидба, велат агрометеоролозите од УХМР во врска со бранот врнежи што ја зафати земјава.

Тие препорачуваат земјоделските производители да продолжат со грижата за посевите.


-Одредени есенски култури се во период на предсеидбена подготовка на која треба да се посвети посебно внимание. Површината на почвата треба длабоко да се обработи, а по оваа обработка да следи и дополнителна предсеидбена и површинска обработка. Целта на дополнителната обработка е да создаде растресит и иситнет површински слој на почвата во кој ќе се посее семето. Паралелно со обработката на почвата треба да се изведе и основното ѓубрење, како важна агротехничка мерка, бидејќи поголемиот дел од нашите почви се скудни со азот и фосфор. Со навремена и правилно изведена обработка на почвата се создаваат услови за акумулирање доволно влага и се стимулира активноста на корисни почвени микроорганизми, објаснуваат агрометеоролозите.

Информираат и дека останатите земјоделски култури или повеќето од нив се во фаза на берба или веќе плодовите им се собрани.

Можете да прочитате

Кашиковски: Префрлени се средства за исплата на августовската плата за вработените на „Флораком“ и „Луна“

Славески: Од утре плаќањата во евра стануваат поевтини и побрзи

СДСМ: Целосен дебакл со откупот на пиперката, ВМРО-ДПМНЕ ги остави земјоделците на цедило