Утрински Весник
Свет

Доверливи документи пронајдени во домот на Мајк Пенс

Доверливи документи пронајдени во домот на Мајк Пенс
Dik 300x250 mk

Доверливи документи беа откриени минатата недела во домот на поранешниот потпретседател Мајк Пенс во Индијана, изјави неговиот адвокат.

dobivaj vesti na viber

Тој истакна дека станува збор за мал број документи со доверливи ознаки кои ненамерно биле спакувани во кутија и пренесени во приватната куќа на поранешниот потпретседател на крајот од претходната администрација, пренесе АП.

Адвокатот на Пенс, Грег Џејкоб, додаде дека Пенс не бил свесен за постоењето на чувствителни или доверливи документи во неговата лична резиденција.

„Тој ја разбира големата важност за заштита на чувствителните и доверливи информации и е подготвен целосно да соработува со Националниот архив и секоја соодветна истрага“, изјави Џејкоб.

Пенс во август изјави дека не зел никакви доверливи документи со себе кога ја напуштил функцијата.

Тој тогаш истакна дека „колку што знае, не задржал никакви доверливи информации по напуштањето на функцијата“.

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците