Утрински Весник
Економија

Дополнета e одлуката за забрана на акциска и промотивна продажба

Дополнета e одлуката за забрана на акциска и промотивна продажба

Владата, на предлог на Министерството за економија, донесе и Одлука за дополнување на Одлуката за забрана на трговците да вршат трговија со одделна стока.

dobivaj vesti na viber

Со Одлуката, им се забранува на трговците на мало да нудат акциска продажба (акција) и промотивна продажба (промоција) при ставањето во промет на земјоделски и прехранбени производи. Забраната ќе важи до 30 ноември 2023 година.

Воедно, одлучено е, цените во трговијата на мало, коишто се намалуваат поради истекување на рокот на земјоделските и прехранбените производи, да не се сметаат за акциска продажба (акција).

Оваа Одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија.

Можете да прочитате

ОКТА ја продолжува иницијативата за поддршка на пазарот со попуст од два денари по литар дизел гориво

ССМ: Синдикалната минимална кошница за месец октомври 70.358 денари

Цветаноски: 33% од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштија