Утрински Весник
Спорт

Дончиќ: Не уживам веќе во кошарката, имам големи проблеми во приватниот живот

Дончиќ: Не уживам веќе во кошарката, имам големи проблеми во приватниот живот

Лука Дончиќ беше непрепознатлив по третиот пораз на Далас во низа (117:109) од Шарлот. Заштитен знак на Дончиќ на теренот и надвор од него е насмеаното лице, но сега изгледаше и зборуваше непрепознатливо тажно, отсутно, незаинтересирано.

dobivaj vesti na viber

„Толку сум фрустриран. Мислам дека сите го гледате тоа кога ќе ме видите на теренот. Но, јас сум толку фрустриран во моментов поради многу причини, не само поради кошарката. Имам многу работи надвор од теренот, што се поголеми од кошарката, но не сакам да зборувам за мојот приватен живот“, истакна Дончиќ.

Затоа, новинарите го прашаа што треба да се подобри за Далас конечно да почне да победува.

„Мораме да се бориме напорно и да играме подобро, и тоа е сѐ. Мораме да покажеме дека се грижиме за резултатите, а прво морам тоа да го сторам јас“, посочи словенечкиот кошаркар.

Можете да прочитате

Натпреварот Вардар – Башкими заврши со тензии

ПМФЛ: Вардар го пречекува Башкими, Струга му гостува на Пелистер

Турскиот Самсунспор славеше против Шкендија во Скопје