Утрински Весник
Спорт

Дончиќ играл повреден на Светското првенство

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Лука Дончиќ, без сомнение беше најголемата ѕвезда на Светското првенство во кошарка кое утре ќе заврши во Манила.

dobivaj vesti na viber

Словенците настапот на Мундобаскетот го завршија на седмото место.

Лука Дончиќ, најдобриот словенечки играч, откри дека на првенството играл со повреда на бутниот мускул. Повредата ја заработи во подготвителниот натпревар против Грција пред стартот на Светското првенство.

„Не знам што да кажам. Не сум во ред, но во исто време треба да се подготвам за целата сезона во НБА. Ќе играм без оглед на се. Дури и во квалификациите за Олимписките игри. Само да бидам здрав“, изјави Дончиќ.

Играчот на Далас Маверикс, во победата на Словенија над Италија од 89:85 забележа 29 поени, 10 скока и осум асистенци, но имаше и девет загубени топки.

Можете да прочитате

Бронза за Рустемовски по поразот во полуфиналето на ЕП во бокс

Алкараз се изјасни: Надал ми е идол, а Ѓоковиќ е најдобриот

13-годишната Зиди исплива второ најбрзо време во историјата