Актуелните европски шампионки Норвешка им дадоа вистинска ракометна лекција на дебитантите на големите натпреварувања, Швајцарките, стигнувајќи до 38:21 победа, додека Данска се врати по разочарувањето против Словениј со исто току убедлива 34:21 победа над Србија.
Иако не успеја да го повторат рекордниот триумф од 41:18 над Словенија од 2004, Норвежанките демонстрираа сила за да се пласирааат во следната рунда, предводени од Стине Офтедал која постигна шест гола и беше прогласена за МВП на мечот.
Ниту Србинките немаа поголема шанса против Данска, која доминираше од стартот до финишот за да се вратат по изненадувачкиот пораз од Словенија во првото коло и во исто време да ги намалат шансите на Србија за пласман во втората рунда.
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО, 2.КОЛО
ГРУПА А
Хрватска – Унгаријa 21:18 (10:7)
Швајцарија – Норвешка 21:38 (9:19)
ГРУПА Б
Словенија – Шведска 22:33 (13:14)
Србија – Данска 21:34 (11:18)