Утрински Весник
Македонија

Долгорочни прогнози: Не чека блага зима со малку снег

Sneg.jpg

Долгорочната прогноза за крајот на 2025 и почетокот на 2026 година покажува дека претстојната зима ќе биде релативно блага, но со неколку периоди на студ и повремени врнежи од снег, особено во втората половина на декември и во текот на јануари.

Ноември 2025 – потопол од просекот, со малку врнежи

Во ноември ќе преовладуваат високи температури за овој период, кои најчесто ќе се движат меѓу 16 и 22 степени. Врнежите ќе бидат поретки, со кратки дождливи денови околу 19–21 ноември и кон крајот на месецот. Снег не се очекува.

Декември 2025 – стабилно, суво и релативно топло

Декември ќе донесе претежно суво време со голем број сончеви денови. Температурите преку ден најчесто ќе изнесуваат од 7 до 9 степени, а ноќните ќе паѓаат од -1 до -5 степени. Во втората декада се забележуваат неколку студени утра, но без посериозни врнежи од снег. Фокусот во месецот ќе бидат ниските но стабилни температури, без зимски невремиња.

Јануари 2026 – најзимскиот месец со неколку снежни денови

Јануари ќе биде најстудениот и најдинамичниот месец. Температурите ќе се спуштаат до -6 степени во утринските часови, а дневните ќе се движат меѓу 3 и 7 степени.

Снег ќе има во неколку наврати:

8 јануари – први посериозни снежни врнежи
12 јануари – повторни засилени врнежи од снег
21 и 27 јануари – повторна појава на снег и дожд
Овие снежни интервали нема да донесат долготрајна снежна покривка, но ќе ја дефинираат зимската атмосфера на почетокот од годината.

Можете да прочитате

Поради дефект на водоводната мрежа од поплавени локации без вода се селата од Кравари до Меџитлија

Кражба во црквата „Свети Никола“ во Катланово, маж снимен како ги собира парите од иконите

Изминатите четири дена уапсени седум лица за безобзирно управување на возило