Утрински Весник
Македонија

ДОЛГООЧЕКУВАНИТЕ ВРНЕЖИ ДОАЃААТ: Очекуваме тие многу да помогнат во гаснењето на пожарите во Македонија

Meteoalarm.mk Najava 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани мои, со оглед на тоа дека доаѓа циклонска активност која ќе биде на висина и со центар над Италија, истата ќе услови и тоа од викендов, па се до вторник да имаме исклучително нестабилна атмосфера. Врнежи, грмежи и засилен ветер очекуваме во најголем дел од Македонија.

На повеќе места ќе има појава на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град.

Доброто е во тоа што врнежи очекуваме  и во најкритичните места во поглед на пожарите, па така очекуваме овие врнежи многу да помогнат во гаснењето на истите.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС” и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!