Утрински Весник
Економија

Доларот ослабна, цената на нафтата падна

Доларот ослабна, цената на нафтата падна

На девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошничката валути продолжи да се лизга, откако минатата недела падна за првпат по три недели раст.

dobivaj vesti na viber

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 108,82 поени, додека во петокот вечерта изнесуваше 108,96 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 142,50 на 142,75 јени.

Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0085 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0045 долари.

Оддалечувањето на еврото од најниското ниво во последните 20 години следеше откако Европската централна банка во четвртокот ги зголеми клучните каматни стапки за агресивни 0,75 процентни поени.

Цените на нафтата, пак, паднаа по силниот скок во петокот. Утрово цената на барелот на лондонскиот пазар се лизна за 1,3 долари, на 91,55 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 1,28 долари, на 85,50 долари.

Цените на акциите пораснаа на азиските берзи, но обемот на тргување беше значително помал од вообичаеното бидејќи неколку земји се затворени поради празници.

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“