Утрински Весник
Македонија

Документите за внатрешна употреба остануваат важечки и по 12 февруари

Img 7757
Dik 300x250 mk

Се стави крај на недоумиците дали по 12 февруари ќе бидат важечки личните документи и патните исправи кои не се со новото уставно име.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска потврди дека личните документи, како личните карти и возачките дозволи, што се за внатрешна употреба ќе важат и по истекот на рокот за нивна замена, додека во однос на пасошите рече дека ќе се разгледаат сите опции.

„Јас знам дека сите сакаат повеќе да критикуваат, меѓутоа треба да се каже и фала на оние вработени кои работат деноноќно, и на сликање на граѓаните, и на изработка на документите, и на издавање на документите, така што 1,2 милиони пасоши не е мала бројка. Верувам дека ќе се продолжи со такво темпо, а ние ќе ги испитаме сите можности со цел доколку биде потребно да се направи пролонгирање во делот на пасошите, бидејќи тие им служат за граѓаните да можат да патуваат надвор од земјата“, рече Ковачевски.

Ова значи дека и по 12 февраури, граѓаните ќе можат да вадат пари од банкарските шалтери, да ја даваат личната карта на увид онаму каде што треба, да гласаат на изборите, како и да управуваат со своите возила но без при тоа да ја напуштаат државата.

Можете да прочитате

Вработените на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје повторно протестираа

Николоски: Од денеска за Мадрид се лета од Скопје, до сега воведовме вкупно 21 авиолинија, бележиме силен раст на патници на двата аеродроми

Почна „Енерго-Технома 2025“ – на едно место ги спојува знаењето и технологијата за одржлива иднина