Утрински Весник
Спорт

Доколку го освојат ЕП, германските репрезентативци ќе добијат по 400.000 евра

Andreas Rettig 2010.jpg

Германија ќе биде домаќин на Европското фудбалско првенство од 14 јуни до 14 јули.

Избраниците на Јулијан Нагелсман се во групата А со Швајцарија, Шкотска и Унгарија и ќе бараат да ја освојат четвртата титула на Европското првенство во својата историја.

Доколку „панцерите“ го освојат Стариот континент, ќе добијат рекордни награди.
Директорот на Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ), Андреас Ретиг потврди дека секој играч ќе добие по 400.000 евра.

Според тоа, ДФБ ќе треба да плати 10,4 милиони евра за 26-те играчи, што не би било проблем со оглед на тоа што УЕФА ќе додели повеќе од 28 милиони евра за победникот.

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024