Утрински Весник
Економија

Договорот за парно греење може да се симне од веб-страната на ЕСМ

Договорот за парно греење може да се симне од веб-страната на ЕСМ
Ss2

Помошник-директорката за топлинска енергија во АД ЕСМ, Александра Маројевиќ, соопшти дека од денеска, Договорот за парно греење е поставен на интернет страницата на АД ЕСМ и ќе биде прикачен и на официјалните канали на социјалните мрежи на компанијата, од каде потрошувачите ќе можат да го симнат, да го испечатат и да го пополнат.

dobivaj vesti na viber

Два пополнети примероци од договорот потрошувачот ќе однесе во еден од пунктовите, со приложување на увид документ за лична идентификација и една фактура (или копија) од претходниот снабдувач. На овој начин, велат од ЕСМ, ќе се намали времето на задржување на потрошувачите во пунктовите, со оглед на тоа што документот ќе биде веќе пополнет од нивна страна дома.

Ss1

Доколку потрошувачот нема одредени податоци кои се бараат во договорот и не ги внел, како број на имотен лист итн., тие податоци ќе му бидат внесени од службениците на шалтер, кои имаат електронски пристап до катастар и ќе проверат на лице место, значи граѓаните нема потреба да одат да вадат други документи за да пополнат во договорот.

На шалтер ќе го потпишат договорот и со тоа постапката е завршена.

„Договорот треба да го поднесе лично потрошувачот на чие име се води сопственоста на станбениот простор во објектот. Доколку сопственикот на имотот не е присутен во државата и затос не е во можност лично да дојде во наплатниот пункт, засега може да ополномошти друго лице, кое во негово име ќе го потпише потребниот договор. Тековно ќе се изнаоѓаат решенија и за други корисници, кои од лични, здравствени причини, возраст итн. не можат да ги напуштат своите домови, и на овие наши граѓани ќе им излезеme во пресрет и ќе им овозможиme Договорот да го склучат во нивниот дом“, изјави Маројевиќ.

Доколку е настаната статусна промена на сопственост (купопродажба, решение за наследување и сл.) новиот потрошувач потребно е да приложи на увид документ за идентификација, како и документ со кој се докажува сопственоста на станот, или објектот, како што е имотен лист, купопродажен договор или решение за наследување. (Линк до упатства)

„Работиме на тоа во следниот период да ги испраќаме договорите и по пошта за потрошувачите кои во меѓувреме не се префрлиле на новиот снабдувач и кои од свои причини не можат да пристапат на страната и да го симнат и испечатат документот. Значи тие ќе добијат два примерока по пошта и постапката натаму ќе биде иста. Ќе ги пополнат и ќе ги предадат на пунктовите“,  изјави Маројевиќ.

Заклучно со вчера, склучени се 3.000 Договори за снабдување со топлинска енергија со потрошувачите.

Маројвеиќ рече дека динамиката и интензитетот на греењето кое се испорачува е регулирано со мрежните правила одобрени од Регулаторната комисија, кои и сега се исти како што биле и кога бил претходниот снабдувач.

„Имајќи предвид дека на почетокот на грејната сезона односно после 15 октомври надворешните временски услови се променливи, тие се посебно третирани во регулативата поврзана со условите за испорака на топлинска енергија во овој период на годината. Испораката на топлинска енергија до крајните потрошувачи се одвива под јасно регулирани правила согласно законските и подзаконските акти. Според правилата, снабдувањето со топлинска енергија на потрошувачите во месеците октомври и ноември, односно на почетокот од грејната сезона, зависи од надворешните температури и од атмосферските услови во различни периоди од денот. Така, за периодот од почеток на грејната сезона до 15 ноември, доколку е времето сончево и мирно, а надворешната температура е повисока од 11˚С, во периодот меѓу 09:00 и 14:00 часот работата на котлите се прекинува. Ако пак времето е облачно, котлите се гасат кога надворешната температурата ќе порасне над 14 степени. Следно мерење се прави во 18:00 часот, и греење се вклучува ако температурата во 18часот е 15 или пониска од 15 степени. Така што оваа грејна сезона не е ништо поразлична од ланската или таа пред неа“, објасни Маројевиќ.

Од ЕСМ апелираат до потрошувачите, заедниците на сопственици и управителите да ги обезбедат потребните услови за непречена испорака на топлинска енергија во објектите по почетокот на грејната сезона.

Во моментов во 26 објекти сè уште не се обезбедени бараните услови, односно имаат дефекти во внатрешната грејна инсталација, оневозможен е пристап на екипите на компанијата до топлинските станици или немаат електрична енергија во топлинските станици. Подетални информации за моментално затворените објекти може да се добијат и на веб страната на ЕСМ, во одделот Снабдување со топлина . Соработката од страна на потрошувачите е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија.

За информации или пријави на дефекти и завршени интервенции, ЕСМ ги повика потрошувачите да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100“.

Ss1

Можете да прочитате

Скопје и Рига од денеска поврзани со авио-линија

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6 отсто од БДП

Над 3,15 милиони патници минатата година транзитирале на скопскиот и охридскиот аеродром