Утрински Весник
Балкан

Додик: Во следните 30 дена на Федерацијата Босна и Херцеговина ќе и биде предложен договор за мирно раздружување

Dodik.jpeg

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека во следните 30 дена на Федерацијата на Босна и Херцеговина како страна потписник на Дејтонскиот договор ќе и предложи договор за мирно раздружување, бидејќи српскиот народ повеќе не може да живее во БиХ.

-Денеска започнуваме со формална одлука да побараме мирно разграничување, ќе предложиме прво да се разјаснат политичките надлежности поврзани со субјектите и да се зачува и остави сегашниот модел на функционирање на економијата и во рок од неколку години да се адаптира тоа по моделот на мирно разграничување, рече Додик во Братунац.

Тој рече дека српскиот народ едноставно не може повеќе да живее во оваа БиХ, дека „тоа што го направија Бошњаците со резолуцијата за Сребреница е незаконско и дека не ги почитуваат Србите“.

Додик денеска пред дебатата на Генералното собрание на ОН за резолуцијата за геноцидот во Сребреница, повторно го негираше тоа злосторство.

Додик денеска ја донесе целата влада на Република Српска во Сребреница и одржа говор во блискиот Братунац, каде ги осуди земјите кои ја предлагаат резолуцијата, имено Германија и Руанда, и околу четириесет други кои ја спонзорираат.

Можете да прочитате

Земјотрес ја стресе Црна Гора: Каде е епицентарот?

Страшна сообраќајка во Грција: 4 мртви, 3 повредени

11годишно момче со велосипед падна сид висок три метри на Калемегдан во Белград