Утрински Весник
Балкан

Додик: Усвојувањето на резолуцијата за Сребреница ќе биде симболичен крај на мултиетничката БиХ

Dodik.webp.webp

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека во случај на усвојување на резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на Обединетите нации, првиот чекор на Бања Лука ќе биде владина седница во Сребреница, од каде што ќе соопшти дека резолуцијата е неприфатлива, неприменлива и ништовна.

Додик за РТС изјави дека ниту една акција на РС нема да биде насочена кон дестабилизација и насилство, но и дека усвојувањето на резолуцијата ќе биде симболичен крај на мултиетничката Босна и Херцеговина.

Два дена пред гласањето за резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на ОН во Њујорк, Додик рече дека „таквата резолуција ќе им послужи на непријателите кои ќе се повикуваат на неа против Србите во целина“. 

Можете да прочитате

Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор

Семејно насилство во Белград: ја злоставувал мајка си, па и држел нож на грло

Курти ја обвини најголемата партија на косовските Срби дека го претставува Белград