Утрински Весник
Балкан

Додик се сретна со Путин во Москва

486df554 a79d 4995 90f8 be7ab1258912.webp.webp

Лидерот на СНСД, Милорад Додик, побарал од рускиот претседател Владимир Путин Русија да ги оспори во Советот за безбедност на ОН одлуките на високиот меѓународен претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, кого властите на Република Српска не го признаваат и го сметаат за нелегален.

Додик ги даде овие забелешки по состанокот на делегацијата на Република Српска со Путин во Москва, каде што српските претставници од БиХ беа меѓу ретките странски делегации што присуствуваа на воената Парада на победата на Црвениот плоштад, централната руска церемонија по повод победата над нацистичка Германија во Втората светска војна на 9 мај. 


Додик изјави дека очекува Русија да заземе, како што рече, „дефинитивен и ригорозен став“ за ситуацијата во Босна и Херцеговина и Република Српска на седницата на Советот за безбедност на ОН.

„На состанокот беше потврдено дека Руската Федерација континуирано, без двоумење, ги презентира своите ставови во Советот за безбедност поврзани со ситуацијата во Република Српска и Босна и Херцеговина“, рече Додик во изјава за медиумите од Република Српска.

Во Москва, Додик ги потврди, како што рече, одличните односи меѓу Република Српска и Руската Федерација, наведувајќи дека тие не се промениле ниту откако беа укинати американските санкции што му беа наметнати.

Можете да прочитате

Грција ќе забрани електрични тротинети за малолетници

Вo Тирана се одржа осмиот антивладин протест, не изостанаа судири со полицијата,  молотови коктели, водени топови

Бугарскиот парламент ја избра владата на премиерот Румен Радев