Утрински Весник
Македонија

Доделување на новинарските награди „Никола Младенов 2023“

Press.webp.webp
300x250 (7)

Македонскиот институт за медиуми денеска ќе ги додели новинарските награди „Никола Младенов 2023“.

Како што соопштија од МИМ, ќе бидат доделени наградите во три категории и тоа за: Најдобра истражувачка сторија, Најиновативен новинарски производ и Најдобра репортерска фотографија.

Ss1

На годинешниот конкурс што беше објавен на 31 јануари и траеше до 26 февруари, 2024 во категоријата Најдобра истражувачка сторија пристигнале 39 стории, обработени во 175 текстови, односно видео прилози,15 стории обработени во 16 текстови, односно видео прилoзи, во категоријата Најиновативен новинарски производ и 21 фотографија во категоријата Најдобра репортерска фотографија.

Наградите за најдобра истражувачка сторија МИМ ги доделува традиционално од 2001 година, а од 2013 година наградата го носи името на угледниот новинар и сопственик на неделникот „Фокус“, Никола Младенов.

Ss1

Можете да прочитате

ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

Филипче продолжува со активностите на терен: Јас никогаш не се откажувам

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година