Утрински Весник
Македонија

Доброволните пожарникари од Кочани: Пораката „горе има жртви“ беше најтешкиот момент од интервенцијата во „Пулс“

Screenshot 20260316 2251592.jpg

Членови на Доброволното противпожарно друштво од Кочани, Златко Илиев и Симе Стоилковски, во гостување во Отвореното студио на 4ТВ.мк ја раскажаа драматичната ноќ кога избувна пожарот во дискотеката дискотека Пулс.

Илиев објасни дека првата информација за сериозноста на ситуацијата ја добиле преку група за комуникација, од професионален пожарникар кој исто така е член на доброволното друштво.


„Пораката гласеше: ‘Горе има жртви’. Ми требаа неколку секунди да ја процесирам информацијата и да се подготвам што треба да направам“, рече тој.

По добиената информација, веднаш била донесена одлука да се активира дополнителна противпожарна опрема и возило, со цел да се помогне на екипите кои веќе интервенирале на терен. Дел од доброволците се упатиле кон дискотеката за да помогнат во гаснењето, додека други се погрижиле за дополнување на водата во противпожарното возило.

Можете да прочитате

ИО на СДСМ донесе одлука за исклучување на Петре Шилегов

Шилегов по одлуката на ИО за исклучување: Утре ќе дадам коментар имам многу што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица

Коцевски за 4TV: Жалосно е што при толку жртви никој не признава вина за пожарот во Кочани