Утрински Весник
Свет

Добра вест за Македонците кои бараат работа во Германија: Се олеснуваат процедурите за работа

Germanija.jpg

За квалификуваните работници ќе биде полесно да заминат во Германија. Oва го потврди министерката Аналена Бербок на собирот на Партијата на зелените во Берлин.

Германското Министерство за надворешни работи ги забрзува процедурите за обезбедување виза за квалификуваните работници потребни за економијата.

„Времето на чекање за виза во германската амбасада во Њу Делхи е намалено на две недели. Претходно беа девет месеци“, изјави Бербок.

Бројот на издадени национални визи ќе треба да се зголеми за 63 отсто, според предвидувањата на министерството, за да се сместат 400.000 луѓе кои треба да влегуваат во Германија секоја година за да се одржи бројот на вработени константен.

„Ние имаме за цел дополнително да го олесниме пристапот до германскиот пазар на трудот и повикуваме на политичка дебата во која ќе се избегнат предрасуди. Странските квалификувани работници мора да се чувствуваат како дома во Германија“, изјави Катарина Дреге, шефицата на парламентарната група на Зелените.

Голем број Балканци се иселуваат во Германија поради добриот стандард.

Можете да прочитате

ДРИ: Земјите од ЕУ не ги спроведуваат целосно пресудите на европските судови

Путин веќе ја ескалира својата војна против Западот

Израел изврши огромни напади врз Бејрут – има загинати и повредени