Утрински Весник
Македонија

Доаѓаат влажни воздушни бранови од Медитеранот кон Македонија

Meteoalarm.mk 60 1.png

Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, од утре (среда 15 октомври) попладне  и навечер па во деновите потоа во нашата Република Македонија ќе дојде до поголема промена на временската состојба. Ќе имаме зголемена облачно на повеќе места со повремени врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат пообилни а ќе дува  и слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец.

Во Скопје и околината во погоре споменатиот период исто така ќе имаме поголема промена на време со зголемена облачност, повремни врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец.


Поради продор на поладен воздух од исток и од североисток, температурите повторно ќе бидат во опаѓање, особено максималните дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени. Во Скопје и околината максималната температура ќе се искачува до околу 15 степени.

Можете да прочитате

СДСМ: Нова манипулација на Мицкоски, дата-центарот нема да ја “пие” водата туку струјата, а струјата ја увезува, токму тој

Уапсени двајца крадци во Куманово

Уапсен маж од струшко поради предизвикување пожар