Утрински Весник
Македонија

Доаѓаат нови обилни дождови, снег и снежна покривка ќе има на планините

Meteoalarm.mk 57.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на циклонска активност од Џенова но и продор на поладен воздух од север овој викенд ни следува поголемо заладување на времето особено утре (Недела 23 ноември). Токму оваа циклонска активност кај нас ќе донесе нови обилни врнежи од дожд на повеќе места во нашата Македонија а можна е  и појава на грмежи и силен ветер од јужен правец. Локално овие процеси ќе бидат застапени во форма на невреме.

Повторно очекувам локално да наврне големо количество на дожд, и тоа над 35 литри дожд. И во Скопје  и околината овој викенд ќе имаме повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено ќе бидат пообилни и поројни и проследени со засилен јужен ветер  и со услови за појава на грмежи. Поради заладувањето особено ноќта кон недела  и во недела 23 ноември на планините над 1200 метри врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и очекувам формирање на снежна покривка.

Што се однесува до температурите тие од недела ќе бидат во позначително опаѓање и максималните дневни температури кај нас ќе се искачуваат во интервалот од 5 д 14 степени а во Скопје  и околината таа ќе се искачи до околу 10 степени.

Поради очекуваните нови обилни дождови во нашата Македонија повторно растат условите за ново зголемување на нивоата на реките  и на езерата во нашата Македонија а постои опасност од нови поплавувања. Апелирам возачите да внимаваат како управуваат со своите возила а тоа значи да не се движат покрај водотеците и тоа поради очекуваните нови обилни дождови.

Можете да прочитате

Мицкоски ќе се обрати на свечена владина седница по повод Денот на албанската азбука

Обвинителството не може кривично да ги гони малолетничките што ја претепаа и снимаа нивната врсничка во Штип

Поради сообраќајна несреќа во прекин е сообраќајот на патот Битола – ГП Меџитлија