Утрински Весник
Магазин

Доаѓа Свети Никола – овие две работи не треба да ги правите

Sveti nikola 202933.jpg

Православните верници на 19 декември го слават Свети Никола, слава која ја одбележуваат најмногу семејства. На овој ден не се работат никакви домашни работи, не треба да се чисти, усисува, пере…

Свети Никола за животот ги подучувал луѓето, лекувал, им помагал на сиромасите. Многумина не знаат, но Свети Никола станал заштитеник на морнарите затоа што својот имот го користел за откуп на заробениците.

Постои верување дека на тој ден никој не треба да го потсетувате на долг, ниту додатно да му ја отежнувате положбата затоа што е должник.

Треба да се носат подароци за оние кои го слават Свети Никола. Меѓутоа и оние кои го слават празникот по некои обичаи на некои места во земјава своите гости не треба да ги пуштат со празни раце, туку мора да им дадат дарови пред да си одат дома.

Можете да прочитате

Костадинов ќе стане татко – го очекуваат синот Никола

Синчето на Борко Ристовски најде 500 евра во маркет – мајката Нина го бара сопственикот

Бугати направи велосипед – поскап е од нов семеен автомобил