Утрински Весник
Македонија

ДОАЃА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА: Покрај ладното време, следуваат послаби врнежи претежно од снег!

Meteoalarm.mk 27.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Од утре (вторник 11 февруари), па во деновите потоа во нашата Република Македонија ќе имаме поголема облачност, а особено во западните  и во југозападните предели ќе има и повремени локални врнежи, кои ќе бидат претежно од снег, а само во дел од градовите повремено ќе има повремени послаби врнежи од дожд и од снег.


Во дел од градовите ќе се формира мала снежна покривка, а на планините, како и на скијачките центри секако постојаната снежна покривка ќе се зголеми. Сето ова ќе биде проследено и со слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец.

Што се однесува до времето во Скопје и околината, од утре (вторник 11 февруари), па во деновите потоа ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и од снег.

Температурите пак наутро и покрај тоа што ќе бидат повисоки, и тоа поради облачноста, сепак, на повеќе места ќе останат негативни, односно под нулата, додека максималните дневни температури ќе бележат тенденција на понатамошно опаѓање и на повеќе места ќе се искачуваат за неколку степени над нулата, а на повисоките места, планините, секако, вклучувајќи ги и Скијачките центри тие ќе останат до околу, па и под нулата.

Можете да прочитате

Пожар вечерва пред поликлиника во Аеродром

Локализиран пожарот на депонијата „Алинци“, се подготвуваат долгорочни решенија и засилен надзор

Директор фатен со мито од 50.000 евра – вечерва приведен во акција на МВР