Утрински Весник
Магазин

Доаѓа Петковден – додадете една намирница во славската погача за среќа во домот за цела година

Sveta petka2 700x393 1.jpg
Dik 300x250 mk

Пред нас се три значајни празници до крајот на октомври: на 26-ти октомври ја славиме Света Злата Мегленска (недела, не се пости), ден потоа, на 27-ми октомври ја славиме Света Петка, односно Петковден (не се пости, празнично разрешено на масло и вино), и на 31-ви октомври го славиме Свети апостол Лука (петок, празнично разрешено на масло и вино). Некои имаат домашни слави, а други прославуваат имендени, но како и да е, на трпезата треба да се има славско лепче или погача.

Секоја домаќинка знае дека славската погача не е само леб со шеќер и ореви, туку таа е молитва замесена со раце, вера и љубов.


А според старото народно верување, една света состојканикогаш не смее да изостане. Станува збор за босилекот.

Оваа света билка, присутна во православните обреди уште од античко време, се верува дека доколку се додаде во погачата, односно во заменесното лепче, внесува божја заштита, благосостојба и мир во домот за цела наредна година.

Листовите босилек, нежно завиткани во алуминиумска фолија, се спуштаат во плиток „џеб“ на површината на тестото пред да го ставите во рерната. Се верува дека така ќе се впие светоста од босилекот во секое делче на погачата. А по печењето лесно фолијата се отстранува со прсти и може да стави покрај икона и така да стои неколку дена.

Некои домаќинки ја крунисуваат готовата погача со свежи гранчиња босилек, како симбол на чистота и заштита од светителите. Други, пак, ставаат мал букет во средината, како чувар против несреќа, болест и каква било темна сенка. Трети, босилекот го ставаат во света водичка и така да отстои два три дена пред светата вода да ја додадат во брашното при процесот на замесување.

Без разлика на начинот, босилекот во домот повикува љубов, хармонија и духовно богатство. Оваа билка не е случајно ценета во народната и духовната традиција, се користи при осветување на водата во црква, симболизира чистота, здравје, светост и врска со божественото. Затоа, многумина веруваат: погача без босилек – не е целосна.

Нека Света Петка, Света Злата и Свети Лука ја благословат секоја погача и нека босилекот ја чува секоја куќа со миризба на вечен мир и благодат.

Можете да прочитате

Што откриваат ладните дланки и стапала за вашето здравје

Есенска детоксикација: Подгответе го телото за студените месеци со природно прочистување

Го знаете ли овој трик? Како бананите да останат свежи и да не потемнат