Утрински Весник
Македонија

ДОАЃА ОГРОМНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Следната седмица на Балканот му се закануваат големи поплави

Xx Model En 359 0 Modez 2024090700 216 947 157.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани мои, како што и претходно најавив, големата промена на времето во текот на следната седмица на Балканот му е загарантирана, а со оваа промена доаѓа  и крајот на долгото тропско лето. Оваа голема промена на времето која ја очекуваме уште од понеделник (9.9.2024), ќе донесе  и опасност од големи поплави на повеќе места низ регионот.

Станува збор за циклонски систем кој ќе биде со центар некаде над Средоземјето и истиот полека ќе се преместува према Јадранот. Во ваква ситуација на многу места ќе има доста обилни врнежи од дожд, проследени со грмежи, силен ветер како и локална појава на силно невреме, а можна е  и појава на град.

Екстремно количество на воден талог во текот на следната седмица очекуваме да падне во Алпскиот Регион, потоа долж обалата на Јадранот како и на северен Јадран, во поголем дел од Хрватска, северот  и северозападот на Босна  и Херцеговина, како и во Црна Гора   и Албанија. Во овие делови очекувме локално да наврне и над 200 литри дожд на м/2, локално и над 250/300 литри дожд на м/2.

Апелираме нашите граѓани кои се наоѓаат во овие области, но и оние кои планираат одмор некаде во регионот, во никој случај тоа да не го прават во текот на следната седмица, и да не патуваат на овие места, и тоа поради очекуваните големи поплави. Температурите драстично ќе паднат и тие ќе бидат далеку потпросечни за месец септември, и повеќе ќе наликуваат како за ноември, од колку за септември месец.

Значително количество на воден талог во текот на следната седмица се очекува и во Македонија, на повеќе места ќе наврне над 30 литри дожд на м/2, локално и над 50 литри дожд на м/2, со што и во Македонија се можни локални поројни поплавувања. Температурите драстично ќе паднат  и кај нас, особено во вториот дел од следната седмица.

Секако, доколку пак ја одберете дестинацијата за одмор соседна Грција, и таму очекуваме доста обилни врнежи во текот на следната седмица и голем пад на температурите.  И во оваа соседна држава не се исклучува можноста од локални поројни поплавувања, што значи нема да ви биде во прилог да одете на одмор и во оваа соседна наша држава.

Можете да прочитате

Алармантни бројки: Секое десетто дете во Македонија умира поради загадениот воздух

Трагедија во Тетово: Мајка и четиригодишна ќерка пронајдени мртви во семејната куќа

Спасовски: Кредитот од Унгарија има недефинирани трошоци