Утрински Весник
Македонија

ДОАЃА МНОГУ ПОТОПОЛ БРАН ОД ЈУГ: Сепак, повремено ќе има локален дожд и силен ветер!

Meteoalarm.mk 59 2.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во нашата Република Македонија следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со повремено засилен, до силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина до околу 70 км/час). Најизразен ветерот ќе биде Долж Повардарието и во источните предели од нашата Македонија.


Денес (четврток 10 април) и во (сабота 12 април)ќе има појава на локален дожд, додека на повисоките планини (над 1700/1800 метри надморска височина) ќе има појава на повремен снег.

И во делови од Скопскиот регион денес (четврток 10 април), како и во (сабота 12 април)ќе има услови за краткотраен дожд. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец (повремено во делови од котлината ветерот ќе достигнува брзина до околу, па  и над 60 км/час).

Да напоменам дека локално е можна и појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Што се однесува до температурите, тие од ден на ден ќе бидат се повисоки, како минималните утрински, така  и максималните дневни температури на воздухот. Преку ден температурите речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, на многу места тие ќе се искачат  и до околу, па  и над 15 степени, а во Повардарието, како и во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу, па  и над 20 степени.

Можете да прочитате

Државните возила ќе добијат таблички во боја до септември

Николоски најави ослободување од визи за Велика Британија за три категории граѓани

На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу половина час