Утрински Весник
Македонија

ДОАЃА КРАТКОТРАЈНА ПРОЛЕТ ВО МАКЕДОНИЈА: Утре и во сабота (31 јануари и 1 февруари) температури до близу 20 степени!

Meteoalarm.mk 59 1.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на значително потопла воздушна маса од југ, утре  и во сабота (31 јануари и 1 февруари) во Македонија ќе имаме значително потопло време со натпросечни температури на воздухот за овој период од годината, како и многу повеќе сончеви периоди. Сепак, особено во ноќните  и во утринските часови по котлините ќе има магла и ниска облачност, секако, вклучувајќи ја  и Скопската котлина. Ќе дува претежно слаб ветер од променлив правец.


Што се однесува до температурите, тие наутро речиси насекаде ќе бидат позитивни, односно над нулата, додека максималните дневни температури на воздухот ќе бидат пролетни и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени, додека во југоисточните предели тие би можеле да се искачат дури и до околу 20 степени.

Во Скопје утре и во сабота (31 јануари и 1 февруари) максималната температура ќе се искачува до пролетни 16 степени.

Можете да прочитате

Амандманска расправа за предлог законот за Судскиот совет

МВР со највисока доверба кај граѓаните во борбата против корупцијата

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани