Утрински Весник
Македонија

Доаѓа големо освежување на времето, пороен дожд и грмежи во Македонија!

Meteoalarm.mk 11.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Од понеделник (28 јули) во нашата Република Македонија, и тоа поради продор на значително посвеж воздух од север, ќе имаме значително освежување на времето, проследено со повремено засилен ветер од северен правец и пад на температурите на воздухот и за повеќе од 10 степени во споредба од оние кои ги имаме сега.


Од понеделник (28 јули) на многу места низ нашата Македонија температурите ќе бидат под 30 степени, а само во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе бидат за неколку степени над 30 степени, што значи дека ќе имаме многу пријатно време, односно посвежо време.

Уште посвежо пак ќе биде во ноќните  и во утринските часови кога минималните температури во нашата Македонија ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 19 степени во Повардарието, односно во најтоплите предели од Македонија.

Исто така, следната седмица локално и повремено ќе има развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност, а не се исклучува можноста  и за локална појава на краткотрајно невреме со силен ветер  и со појава на град.

Можете да прочитате

Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа која во мандатот на оваа администрација ќе оддржи стратешки дијалог со САД во Вашингтон

Убиство во Охрид: Осомничениот уапсен неколку часа по злосторството

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата