Утрински Весник
Македонија

До сабота многу повеќе сонце – Од недела зголемување на облачноста, а во почетокот на следната седмица следуваат врнежи!

Xx Model En 359 0 Modez 2024021500 83 954 1 660x330 1.png

Метео анализа на Славчо Поповски:

До сабота во Македонија ќе имаме многу повеќе сонце, додека од недела се очекува постепено зголемување на облачноста. Што се однесува до температурите тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат не многу под нулата, односно за неколку степени под нулата.

Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, додека во југоисточните предели и тоа особено за време на викендот температурите би можеле да се искачат  и малку над 15 степени.

Во Скопје  и околината ќе имаме стабилно, суво и сончево време додека во недела ќе има постепено зголемување на облачноста. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -1 и 4 степени, додека максималните дневни ќе се искачуват во интервалот помеѓу 12 и 14 степени.

Од почетокот на следната седмица ќе започнат повремени локални врнежи од дожд,  а на планините од снег, додека температурите ќе бележат тенденција на опаѓање.

Можете да прочитате

(Видео)Внимание: Замрзнувањето на цените на школскиот прибор се шеги за мали деца

Лукаревска: Ги презедовме сите мерки за да ги заштитиме работничките права

Телефонски разговор Муцунски – Велдкамп