Утрински Весник
Македонија

До налепниците НМК не се стигнува лесно, станиците за технички преглед очекуваат хаос во понеделник наутро, а еве и зошто

1707585969 Unnamed File.jpeg

Сите регистарски таблички од понеделник на себе мора да ја имаат ознаката НМК, а за оние што ја немаат обезбедни се налепници со кодот кои треба да се залепат на табличките.

Налепниците се бесплатни, но нема да можете едноставно да отидете и да ги земете и сами да ги залепите, туку за тоа постои процедура во МВР предводено од техничкиот министер Панче Тошковски.

За да добиете две најобични налепници вие со вашето возило ќе мора да отидете до станица за технички преглед, да пополните барање каде ќе ги внесете потребните податоци за вас и вашето возило, потоа да го доставите до шалтерот на МВР, за на крајот налепниците да бидат залепени ид страна на некој од контролорите во станицата за технички преглед.

Денес на две станици за технички преглед една во Аеродром и една во Ѓорче Петров се обидовме но не успеавме да дојдеме до налепници со кодот НМК.

Како што ни кажаа вработените во станиците, налепници добиле утрово, но дека со издавање ќе започнат во понеделник кога и ќе работат шалтерите на МВР.

Објаснувајќи ја целата процедура, вработените велат дека многу е веројатно дека во понеделник уште рано наутро ќе се случува метеж на нивните работни места, затоа што никој не знае на колку регистарски таблички треба да се залепат такви налепници, а покрај тоа ќе се вршат и редовни технички сервиси и регистрации на возила.

Од 12 февруари, сите регистарски таблички треба да бидат со кодот НМК

Можете да прочитате

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани

Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери – огромни штети од невремето синоќа

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали