Утрински Весник
Македонија

До крајот на овој месец, како и на почетокот на март се очекува значително количество на дожд на Балканот, и во делови од Македонија!

Webp Worker Commands 56fdc4b895 W6v4b 6fe5cac1a363ec1525f54343b6cc9fd8 Pcef3q 768x384 1.webp.webp

Метео анализа на Славчо Поповски:

До крајот на месецов, и во почетокот на март во делови од Балканот и Македонија ќе наврне поголемо количество на дожд, а повеќе врнежи ќе има и во најголем дел од Европскиот Континент, и тоа поради влијанието на веќе најавениот длабок циклон со центар над северна и северозападна Европа…промената на времето ќе започне уште од викендот….

Инаку изминатиов период се соочуваме со недостаток на врнежи, како ние во Македонија, така  и во поширокиот регион (Балканот).

Температурите се значително над просекот за овој дел од годината, а натпросечно високи температури на воздухот ќе имаме се до крајот на овој месец, како и на почетокот од март месец, што значи снег очекуваме само на повисоките планини.

Од викендов ќе биде присутен и ветерот од јужен правец, кој ќе биде со засилен интензитет на повеќе места низ Македонија, па и во регионот.

Можете да прочитате

Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе одбележи 75 години

Ден на Академијата и доделување на признанието „Блаже Конески“ во МАНУ

Сончево со мала до умерена локална облачност, претпладне магла по одделни котлини