Утрински Весник
Македонија

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ ЛАДНО ВРЕМЕ ЗА МЕСЕЦ МАЈ И СО НОВИ ВРНЕЖИ: На највисоките планини повторно снег, а ќе дува и засилен северен ветер

Messenger Creation 6632a5d5 5bd9 4cf4 97e1 4ee653c5f80d.jpeg

Под влијание на влажна  и постудена воздушна маса од север, денес повторно во Македонија ќе има повремени врнежи од дожд на повеќе места, а ќе биде  и поладно од вообичаеното за месец мај. На највисоките планински места на северозападот  и на западот од државава ќе има врнежи од снег. Ќе дува  и умерен до засилен ветер од северен правец.

Повремени врнежи од дожд и засилен ветер од северен правец денес ќе има  и во Скопскиот регион.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат под просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.

Можете да прочитате

Јанев лично во Кочани: Проверува како Лазов избега од полициската станица – Секој пропуст ќе биде санкциониран

Ново видео ја вознемири Македонија: Група врсници физички нападна девојче

Државата не ги научи лекциите од трагедијата во „Пулс“ – системските слабости останаа