Утрински Весник
Свет

Доњецк без алкохол: „Ако ги оставиме да се опијат, тоа ќе биде рецепт за катастрофа“

Доњецк без алкохол: „Ако ги оставиме да се опијат, тоа ќе биде рецепт за катастрофа“
Ss2

Набргу по почетокот на сеопфатната инвазија на Путин, Украина ја забрани продажбата на алкохол во сите градови што се под руски напад.

dobivaj vesti na viber

Во меѓувреме, забраната е укината во поголем дел од земјата, но се уште е на сила во регионот на Доњецк. Причината е едноставна – комбинацијата на тешко вооружени војници и алкохол не е баш најдобрата опција. Официјални лица велат дека забраната е неопходна поради присуството на илјадници вооружени војници.

300x250 (7)

„Ако ги оставиме да се опијанат, тоа би било рецепт за катастрофа – изјави гувернерот на Доњецк, Павло Кириленко.

Продажбата на алкохол и супстанции што содржат алкохол е забранета во регионот на Доњецк, со исклучок на средства за дезинфекција и лекови вклучени во државниот регистар. Не е достапен ниту „Бојаришник“ – лосион за капење со мирис, кој е поевтин од вотка и чест избор на алкохоличарите, бидејќи содржи метанол.

На граничните премини полициски службеници претресуваат возила за да спречат шверц.

„Конфискуваме многу“, изјави полицаец за „Тајмс“, покажувајќи фотографија од десетици шишиња скриени во багажникот на автомобил.

Граѓаните на Доњецк се познати како луѓе кои се по „чашката“, а откако е воведена забраната, секојдневно водат битка со властите.

Кириленко открива дека жителите се снаоѓаат за алкохол на креативни начини. Некои роднини од други региони испраќаат алкохол во пластични шишиња, а некои продавници продаваат алкохол „под маса“.

„Ако знаете каде да барате, лесно можете да најдете алкохол – велат мештаните.

Иако оружјето и алкохолот се очигледно лоша комбинација, не сите украински војници се согласуваат со забраната.

Ss1

Можете да прочитате

Словачкиот премиер Фицо ја затвора државната телевизија и ја претвора во нова

Рјабков: Евентуалното распоредување нуклеарно оружје на НАТО во Полска ќе биде легитимна воена цел за Русија

Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата