Утрински Весник
Македонија

Дојава за бомби во ГТЦ и во неколку училишта, во тек евакуација

Дојава за бомби во ГТЦ и во неколку училишта, во тек евакуација

Дојава за поставени бомби утрово на електронскиет адреси добиле Градскиот трговски центар, Министерството за надворешни работи и повторно во неколку скопски средни училишта.

dobivaj vesti na viber

Единицата на МВР за антитероризам е на терен во тек е евакуација и проверки на објектите.

Од МНР известија дека веднаш постапиле по насоките од МВР.

„До Министерството за надворешни работи преку електронска пошта пристигна информација дека во зградата се поставени експлозивни направи. Министерството веднаш ги извести соодветните служби во МВР, по чии насоки заградата е веднаш евакуирана. Соодветно на безбедносните протоколи, штом се создадат соодветни услови, вработените ќе се вратат на работа“, велат од Министерството.

Минатата недела освен во средните училишта кои веќе трет месец добиваат закани за бомби, дојави добија Народната банка, Железничката станица и неколку трговски центри.

Можете да прочитате

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе нови кадровски одлуки за локалните комитети

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ падна на сопствениот патриотски тест

УХМР предупредува: Невреме, пороен дожд и силен ветер ја очекуваат Македонија оваа седмица