Утрински Весник
Македонија

До 20 декември не треба да очекуваме никаква зима ниту снег

Meteoalarm.mk 6.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Територијата на Македонија во текот на целата наредна седмица ќе се наоѓа под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на релативно топла воздушна маса од југ која ќе предизвика да имаме невообичаено високи температури за месец декември и тие ќе бидат повисоки од нормалните дури за околу па  и за повеќе од 10 степени. Во Македонија во текот на следната седмица температурите очекувам  да се искачат дури до близу 20 степени. Секако, наутро ќе биде поладно со температури кои ќе се спуштаат близу или за неколку степени под нулата.

Во ваква ситуација  и тоа поради антициклонот кој ќе се наоѓа над Македонија и релативно тивкото време без ветер по котлините ќе се создаваат услови за појава на магла  и на ниска облачност која во дел од котлините ќе биде густа  и ќе се задржи во текот на целиот ден па така температурите во овие котлини преку ден ќе останат пониски.

Појава на магла  и на ниска облачност  и пониска дневна температура во текот на следната седмица очекувам и во Скопската котлина. Повремено маглата во Скопската котлина ќе биде густа особено во утринските  и во вечерните часови.

Барем од она што можам да го кажам во моментов, до 20 декември не треба да очекуваме никаква зима ниту снег во Македонија. Тоа значи дека токму ова сценарио кај нас и понатаму го оставаме на чекање.

Можете да прочитате

Во двата скопски затвори фатени осуденици како се дрогираат – Полицијата утврдува како дрогата стигнала таму

Родителите на загинатите во „Пулс“: Не сме барале да се откаже новогодишната прослава во Кочани

Од граничните премини кон Грција отворен само Дојран