Утрински Весник
Македонија

До 13 часот гласале 8,89% од гласачите на повторените избори

Image.png

До 13.00 часот гласале 8,89 отсто од запишаните избирачи во избирачкиот систем во четирите општини каде денеска се одржуваат повторените избори.

Во Маврово и Ростуша гласале 10,03 проценти, во Гостивар 8,73, во Врапчиште 9,58 отсто од запишани гласачи.

Најмала излезеност повторно има во Центар Жупа каде гласале 6,61 процент односно 500 луѓе во апсолутни бројки.

Ако и овие избори не бидат успешни а за тоа треба да излезат една третина од гласачите, тогаш Владата ќе именува владини повереници кои ќе раководат со овие општини.

Можете да прочитате

За трагедијата во Карпош мора да има одговорност и оставка од Панче Тошковски

ЛДП бара итно расчистување на случајот во Тафталиџе и електронска нараквица за следење на насилниците

Во четврток ни следува краткотрајна промена на времето